Светската ракометна федерација ги објави судиските двојки за претстојниот Мундијал во Данска, Шведска и Норвешка.
ИХФ номинираше 23 судиски пара, од кои дури 15 доаѓаат од европскиот континент, што беше за очекување.
Иако Македонија има три пара со ИХФ значка – Николов и Начевски, Металари и Николовски, Божиновски и Начевски, сепак светската куќа на ракометот не номинираше ниту една двојка од нив.
Oд Балканот тука се браќата Дино и Амар Коњичанин од Босна и Херцеговина, Црногорките Анѓелина Казанегра и Јелена Вујачиќ, Словенците Давид Сок и Бојан Лах, како и Србите Марко Секулиќ и Владимир Јовандиќ.
Светското првенство ќе стартува на 29 ноември и ќе се игра во трите скандинавски земји до 15 декември.