Екипите на Македонија ЃП и Кичево во натпревар со многу пресвети, изедначувања и неизвесност, одиграа нерешено, 20:20.
Иако Кичево се наоѓаше пред победа, имаше 19:17 во финишот, сепак, членот на Македонија ЃП, Максимилијан Ѓиноски, им ја расипа забавата на гостите и со два гола во низа му донесе голем бод на својот тим.
Најефикасен во домашната екипа беше Бојан Божиновски со четири погодоци, по три постигнаа Стефан Нацев, Максимилијан Ѓиноски, Живко Петровски и Дамјан Миноски.
Во екипата на Кичево најефикасни беа Стефан Стефаноски и Бојан Стојкоски, кои постигнаа по пет погодоци.
Македонија ЃП во следното прволигашко ќе го пречека Овче Поле, додека Кичево на свој терен ќе се сретне со непоразениот Бисинов од Велес.