Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 7 коло во женската Лига на шампионите.
Македонските арбитри Силвана Карбеска и Марија Илиева одново ќе бидат активни во најелитното клупско натпреварување.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу шведскиот Савехоф и данскиот Оденсе од група А што ќе се игра во „Партиле Арена“.
Овој скандинавски двобој на кој делегат ќе биде Веихе од Фарски Острови, е закажан на 11 ноември со почеток во 16:00 часот.