Ракометарите на Црна Гора вчера го имаа првиот собир за ЕХФ неделата, во која ќе тестираат против репрезентацијата на Романија.
Селекторот на Црна Гора, Владо Шола, за подготвителниот период селектираше 20 играчи, а поради повреда првата фаза од подготовките за ЕП 2024 ќе ја пропуштат левиот бек Стеван Вујовиќ и кружниот напаѓач Миодраг Чорсовиќ.
Шола во изјава за црногорскиот ракометен сојуз истакна дека списокот не е конечен и дека никој не е отпишан.
Црногорскиот селектор имаше пофални зборови за екс вардарецот Вуко Борозан, бидејќи на двата натпревари во Лигата на Европа, против Елверум и Фленсбург, одигра на одлично ниво и се осврна за неговото можно враќање во репрезентативниот табор.
„Никој не е отпишан. Го гледав Борозан на двата натпревари во Лигата на Европа, тој е играч од светска класа. За жал, во последните сезони не беше на врвно ниво, но не заборави да игра ракомет, тоа е сигурно. Прашање е само колку е голема неговата мотивација повторно да биде еден од најдобрите дефанзивци во светот. Ако е подготвен да се врати во репрезентацијата, никој нема да биде посреќен од мене“, изјави Шола.
Ново име во репрезентацијата на Црна Гора e средниот бек Владимир Станковиќ, кој има забележителни партии на клупско ниво.
Црногорците без Вујовиќ и Чорсовиќ ги започнаа подготовките за ЕП