Македонскиот интернационалец Филип Чурлевски игра во одлична форма во новата сезона во финското првенство.
Тој беше меѓу најзаслужните за новите бодови на неговиот тим ГРИФК во гостинскиот триумф со 30-28 кај ХИФК во Хелсинки.
Чурлевски беше стрелец на четири погодоци, а беше избран и во тројцата најкорисни ракометари на овој натпревар од финската федерација.
Тимот на Чурлевски славеше и на уште еден натпревар денеска во серија кај Дикен со 25-24, а нашиот бек постигна два гола.
ГРИФК со новите бодови има вкупно 12 и се наоѓа на првото место на табелата пред Рихимаки Кокс и БК-46, кои имаат по 10 бода.