Овој викенд беше комплетирано, 2. коло во пионерската лига во машка конкуренција, во која пионерите на Вардар ја остварија најубедливата победа.
Избраниците на Кирил Атанасовски одиграа фуриозно против Јуниор КВ и триумфираа со неверојатни 36:0.
Пионерскиот тим на „црвено-црните“ на полувреме водеше со 21:0 и во вториот дел ниту еднаш не дозволи Јуниор КВ да ја затресе мрежата.
Јуниор КВ во претходното коло одигра слично против Голден Арт, но за разлика од мечот со вардарци, во дуелот со пионерскиот состав на „градежниците“ успеа да постигне гол.
Во тимот на Вардар сите пријавени ракометари успеаја да постигнат најмалку по еден погодок, а меѓу нив и голманите.