Екипата на Тиквеш е елиминирана од австрискиот тим Кремс во европското деби на кавадарчани.
Кавадарчани имаа голема поддршка и во Австрија од верните „Лозари“, кои по мечот ги поздравија ракометарите.
„И да не бидеш првак ти, Кавадарци ќе жали но ќе ти опрости“, напишаа „Лозари“ на социјалните мрежи.
Тиквеш имаше многу напорен распоред, бидејќи не беше одложена ниту една средба од домашното првенство, во кое се играше и вонредно коло среде европски настапи.
Следен предизвик за кавадарчани ќе биде домашниот натпревар против Аеродром од Супер лигата.