Ракометарките на Металург Автокоманда во натпревар од 5. коло од Женската лига беа убедливи против составот на Скопје со 36:23.
Избраничките на Јулијана Дамчевска немаа многу проблеми против гостинскиот тим, кој дуелот го загуби уште во првото полувреме.
Дебитантот во единственото женско сениорско натпреварување на полувреме замина со резултатска предност од 19:10 и во вториот дел продолжи со исто темпо одржувајќи ја високата разлика.
Металург Автокоманда сега на свое конто има три победи, односно девет бода, додека Скопје останува на четири бода.
Тимот на Дамчевска во следното коло ќе гостува во Свети Николе кај Овче Поле. Скопје за следен ривал го има тимот на Спартак, кој во досегашниот тек од сезоната има само една победа.