Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска го игра петтиот натпревар во Лигата на шампионите на гости кај Загреб.
Стратегот на пелистерци, Александар Јовиќ, се одлучи надвор од комбинација за овој натпревар да останат голманот Марко Кизиќ, левите бекови Дарко Стевановиќ и Павле Атанасијевиќ, како и пикерот Андреас Нилсен.
Хрватскиот првак, на чија клупа ќе дебитира новиот тренер Ненад Шоштариќ, а во ростерот ќе бидат Тимур Дибиров, Иван Чупиќ, Куни Моралес, Патрик Валчак…
Натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Арена Загреб“ со почеток во 18:45 часот.