Ракометарот на Вардар, Хансер Родригез, доби репрезентативен повик од Куба и ќе настапи на Пан Американските игри во Чиле.
Вардарецот е еден од 14 ракометари што ќе се борат со селекцијата на Куба за место на Олимписките игри во Франција.
Куба е во групата Б со Аргентина, САД и Уругвај, и заедно со „гаучосите“ ќе биде фаворит за место во полуфиналето
Ракометниот турнир на Пан Американските игри во Виња Дел Мар ќе се одржи од 30 октомври до 4 ноември, кога финалето ќе биде на програмата.
Победникот обезбедува место на Олимписките игри во 2024 година.