Драма во Прилеп – двете екипи можеа да победат, но на крај освоија по бод!

Ракометарите на Прилеп и Голден Арт во натпревар од 6. коло од Супер лигата одиграа без победник, 28:28. На десетина секунди пре крајот, двете екипи беа во ситуација за три бода, но ниту една од нив не успеа да се израдува на победа, па така нерешениот резултат можеби е најреален исход

Двете екипи во текот на првите 30 минути играа променливо, со падови во одредени периоди, но ниту еден од двата табора не успеа да направи исчекор и да ја осигура победата уште во првиот дел. Иако домаќинот отвори според посакуваното, дојде до 3:1, гостите предводени од Даев и организаторот на играта Миланов полека фаќаа ритам.

Гол за гол се играше до средината на првиот дел, потоа по 7:7, домашниот табор имаше црна дупка и речиси осум минути беше без реализација. За тоа време, гостите направија серија од 4:0 одлепувајќи се на 11:7. Ниту гостите не играа на посакуваното ниво, па така во финишот од првит дел дозволија домашниот тим да се врати во игра.

По водството на Голден Арт од 12:10, домашниот тим врза два гола во низа и изрмани на 12:12. Во тој момент дојде до консолидација во редовите на домаќините, кои на неколку минути пред финишот го презедоја водството и на полувреме заминаа со активен резултат од 15:14.

Прилеп на почетокот на вториот дел со голот на Велески дојде до плус два 16:14 и во уште два наврати имаше два гола разлика (17:15, 18:16). Составот на Голден Арт во 40 минута ја презеде предноста, поведе со 20:19. Три минути подоцна, односно во 43 минута, домаќините со голот на Кастратовиќ од пенал и голманот Иван Ангелески, кој погоди на празен гол, ја вратија предноста во свои раце, 21:20.

Во последните петнаесетина минути имаше голема борба за секоја топка и само нијанси одлулуваа кој ќе ја добие битката. На десет минути пред крајот беше 24:24 и во финишот двете екипи наизменично се менуваа во водство.  Во последните десет секунди двете екипи можеа да се израдуваат на три бода, но неизвесниот дуел заврши без победник, 28:28.

Најдобри стрелци кај Прилеп беа Владан Кастратовиќ со осум и Денис Шабановиќ со пет погодоци, додека кај Голден Арт се истакнаа Тоше Ончев со осум и Давид Даев со пет гола. Во следното коло Голден Арт игра дома против Вардар, додека Прилеп му гостува на Еурофарм Пелистер.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126