Екс ракометарот на Вардар и репрезентативец на Македонија, Немања Прибак, кој е член на израелскиот суперлигаш Хапоел Ришон Ле Зион, за „Моцарт Спорт“ говореше за моменталната состојба во Израел.
Прибак е еден од спортистите кои останаа во Израел, кој пред два дена прогласи воена состојба, откако исламистичката организација Хамас изврши ненадеен ракетен напад врз израелска територија.
Искусниот ракометар за српскиот портал изјави дека во близина на неговата зграда паднала бомба.
,,Не е наивно. Порано имаше некои аларми за тревога, но сега за прв пат се слушнаа ракети, детонации… Ришон е некаде помеѓу Тел Авив и Газа, иако се наоѓа малку поблиску до Тел Авив. Во еден момент падна бомба можеби помалку од еден километар од мојот зграда. Јас сам во нова зграда, во стан кој има таканаречена „безбедна соба“, влечем челична завеса и после сум релативно посмирен. Ми рекоа дека нешто повеќе ќе се знае во следните 24 часа“, изјави Прибак.
39-годишниот ракометар бил известен од страна на раководството на клубот дека ситуацијата во градот Рашан не е ни најмалку наивна.
,,Тука сум нешто повеќе од една година. Во тој период во неколку наврати имаше аларм иза тревога. Во тие ситуации луѓето од клубот ќе ме замолија како најстар да разговарам со другите странски играчи, да ги смирам, бидејќи навистина се ќе се смири за неколку дена. Сега првпат ми рекоа дека не е наивно и дека не се знае до кога ќе трае ова. Сите сме во иста ситуација, секој во својот стан, чекаме да видиме дали и како ќе бидеме евакуирани”, додаде Прибак.
Како што е веќе познато, нема повеќе македонски интернационалци во Израел. Голманот Градимир Чаневски навреме се врати во Македонија, додека Ивана Арсениевска од претходно е во татковината поради ЕХФ неделата.
Нема мак-интернационалци во Израел: Чаневски и Арсениевска се вратија во Македонија!