Црногорски и романски арбитри за европските двобои на Тиквеш

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите во 2 коло од Европскиот Куп.

Единствениот македонски претставник во ова натпреварување, Тиквеш од Кавадарци, претстојниот викенд стартува со натпреварите против австрискиот Кремс.

За првиот натпревар што ќе се одигра на 15 октомври во салата „Јасмин“ во Кавадарци од 19:00 часот се делегирани црногорски арбитри – Ивановиќ и Вујисиќ, додека делегат е Кожокару од Романија.

На втората средба што е на програмата на 21 октомври од 19:00 часот во Кремс, ЕХФ делегираше судии од Романија.

Станува збор за Ловин и Станку, додека делегат ќе биде Касуниќ од Хрватска.