Ракометарите на Струга во натпревар од 4. коло од суперлигашката конкуренција славеа против тимот на Скопје со 37:28.
За избраниците на Наум Танески победата против Скопје беше втора во новата сезона, па така стружани сега со нови три бода и шест на свое конто ги задржуваат шансите за пласман во плеjоф фазата.
Скопје денес го запиша четвртиот пораз во низа, претходно беше поразен од екипите на Аеродром, Еурофарм Пелистер 2 и вицепрвакот Алкалоид.
Гостите од Скопје парриаа до 20-та минута од првиот дел, а потоа домаќините фатија ритам и заигра според посакуваното. Стружани клучната разлика ја направија во првиот дел кога од 9:8 заминаа на 13:8.
Избраниците на Димитриоски се обидуваа да направат камбек, но домаќините не оставаа гостите да имаат ни најмала надеж за победа. Струга одлично одигра во финишот од првото полувреме и на пауза замина со предност од 16:12.
Во вториот дел во неколку моменти Скопје се обиде да направи камбек и да се врати во игра. Сепак, Струга започна од минута во минута да ја зголемува резултатската предност за конечни
Предводници во екипата на Струга беа Мерис Бошњак со десет и Петар Бугариновиќ со девет погодоци. Листата на стрелци кај Скопје беше предводена од Марио Мишевски, постигна девет погодци, два помалки запиша Леонид Киселоски.