Екипата на Рапид Букурешт, која според информациите на романскиот портал „ПроСпорт“ за оваа сезона има буџет од околу 2,6 милиони евра, има лош старт на домашна и европска сцена.
Иако клубот кон средината на месец септември ја прекина соработката со екс тренерот на ЖРК Вардар, Ким Расмусен, сепак, ниту промените, ниту најавите за подобри резултати не се видливи на теренот.
Рапид Букурешт во натпревар од 5. коло од романскиот шампион загуби од Дунареа Браила со 28:27 и по пет одиграни дуели се наоѓа надвор од ТОП 5.
Ракометарките на Рапид Букурешт во досегашниот тек од сезоната во шампионатот на Романија остварија само две победи, против Миовени и Баја Маре.
Што се однесува до настапот во Лигата на шампионите, тимот на Рапид Букурешт на три одиграни натпревари оствари само една победа, триумфираше над просечниот Заглебје Љубин, додека беше поразен во дуелите со Икаст и Есбјерг.