Тимот на Шампион со голем пресврт славеше против Јехона во првото коло од прволигашката конкуренција на домашен терен со 35-34.
Домашните отворија со водство од 5-1, но Јехона предводена од одличниот Салиу успеа да се врати во егал, а до крајот на полувремето да поведе со 17-15. Имаа гостите од Гостивар и плус четири, 23-19, но Шампион успеа да ја стегне одбраната, да погодува во напад и израмни на 23-23.
Се разгоре борбата на теренот, се играше гол за гол, а Салиу од Јехона доби трето исклучување и црвен картон на десетина минути до крајот.
И покрај тоа гостите водеа со 28-26, потоа одново Шампион израмни и поведе на две минути до крајот со голот на Спирковски од пенал.
Тасески израмни на 34-34, пред Сибиновски да го постигне голот вреден триумф. Јехона посленда имаше напад, но не успеа да го реализира и трите бода останаа за Шампион.
Најдобри стрелци кај победникот со по шест гола беа Алекс Маркоски и Стефан Огненовски, додека кај Јехона најдобар беше Адис Салиу со десет гола.