Радовиш тргна победнички – Постолов и Петров комбинираа 20 гола за триумф над Овче Поле

Тимот на Радовиш, кој минатата сезона играше во суперлигашкото друштво, имаше победнички старт во Првата лига, откако славеше против Овче Поле со 41-26.

Домаќините имаа контрола на теренот во текот на целиот натпревар, иако гостите добро парираа во првото полувреме.

На пауза избраниците на Љупче Мијалов имаа плус три, 18-15, но во второто полувреме комплетно го надиграа ривалот.

Беа доделени и два црвени картони, за Зоран Стојановски од домашниот тим поради три исклучувања, како и за Филип Сентовски поради груб фаул.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Здравко Постолов со 11, Васе Петров со девет и Зоран Стојановски со седум погодоци. Кај Овче Поле се истакнаа Димитар Минов и Борјан Цековски со по шест гола.