Новиот интернационалец од Македонија, Синиша Павлов, кој во новата сезона настапува во чешкиот шампионат, ја одигра најдобрата партија во дресот на Маломерице.
Иако тимот на Павлов во натпревар од четвртото коло беше поразен од Јицин со 32:24, десниот бек од Прилеп покажа дека има огромен потенцијал.
Павлов во дуелот со Јицин беше меѓу најефикасните во својот тим и постигна три гола од исто толку обиди.
Маломерице по четири одиграни дуели се наоѓа на 10. позиција со два освоени бодови.
Следен предизвик за Павлов и колегите ќе биде дуелот против Карвина, која моментално нема загубено бодови во домашниот шампионат.