Вардар вторпат во десетина дена го победи актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, овојпат со 30-25 во Супер лигата.
И во втората победа над битолскиот тим голема улога одигра кружниот напаѓач Милан Лазаревски, кој постигна шест погодоци и одлично си ја сработи домашната и во одбраната.
Лазаревски по добиениот натпревар против големиот ривал ги сподели своите импресии.
„Ова беше многу тежок машки наптревар, без разлика на резултатот, мислам дека ривалот е квалитетна екипа, ние добро анализиравме, исто како и во Струмица, нашиот стручен штаб добро не подготви за овој дерби дуел, имавме свои добри моменти, како и тие, исто така и грешки на двете страни, но јас искрено мислам дека денешната разлика би ја препишале на голманот Томовски кој навистина беше на високо ниво и мислам дека тој ја направи разликата. Во глобала, лесно се снајдов против сите во одбраната на Еурофарм Пелистер. Мислам дека раното водство од 7-2 не беше пресудно, видовме дека за неколку минути се стигнува разликата, можеби ни даде дополнителна мотивација, бидејќи натпреварот се игра 60 минути. На следните средби максимално ќе се фокусираме и ќе ја креваме формата”, изјави Лазаревски.
Следен предизвик за Вардар ќе биде домашниот дуел со Пролет, додека Еурофарм Пелистер ќе игра два пати дома во два дена – против Мулти Есенс и Голден Арт.
Томовски: Тивка вода – брег рони, сталожено и мирно ќе чекориме кон титулата!
Недановски: Не мора ни да сум во сала – знам дека Стоилов и играчите ќе го реализираат договореното!
„Пантерот“ беше нерешлива загатка за пелистерци – им фати четири седмерци! (ВИДЕО)