Утре со натпреварот меѓу Металург Автокоманда и Спартак ќе започне новата сезона во Женската лига во Македонија. Во единственото женско сениорско натпреварување во новата сезона ќе учествуваат 14 екипи.
Дебитант кај дамите ќе биде новиот клуб Металург Автокоманда, кој според играчкиот кадар, е веќе меѓу кандидатите за пласман во горниот дел на табелата, односно пласман во Топ 5.
За разлика од минатата сезона, од учество во Женската лига се откажа Кузман Вардар, клуб кој во иднина максимално ќе се посвети на работа со младинските категории.
Актуелен бранител на титулата е Ѓорче Петров, додека негови главни конкуренти се Куманово, Чаир, Вардар и Металург Автокоманда.
Останатите екипи ќе се борат за што подобар пласман од ланската сезона, во која се играше плеј-оф и плеј-аут.
Во продолжение, погледнете го распоредот на натпревари до крајот на сезоната.