Екипата на Мелсунген, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, одлично ја отвори сезоната во Бундес лигата.
Мелсунген победи на првите четири одиграни дуели и заедно со екипата на Фуксе Берлин се единствените без загубен бод.
Тимот на Парондо сезоната во најквалитетната лига на светот ја отвори со триумф против Гепинген, потоа беа совладани екипите на Лајпциг, Хамбург и Кил.
Во новата сезона Мелсунген е посилен поранешниот вардарец Даинис Кристопанс, додека во екипата се уште игра Рожерио Мораес.
Ракометарите на Мелсунген во минатата сезона завршија на 9. позиција и само за пет бодови не успеаја да обезбедат излез на европска сцена.
Следен предизвик за избраниците на Парондо ќе биде дуелот против Штутгарт.