Тимот на Вардар го прекина постот од три сезони во Супер Купот и го освои четвртиот трофеј во ова натпреварување.
Вардарци во спортската сала „Парк“ во Струмица славеа против актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со четири гола разлика, 30:26.
Еден од клучните фактори за победата на „црвено-црните“ беше кружниот напаѓач Милан Лазаревски, кој одигра одлични во два правци и покажа дека се наоѓа во одлична форма пред почетокот на сезоната.
,,Мислам дека можеби еден до два разлика максимум ќе беше реална слика за овој натпревар, тоа што победивме со четири на крај беше благодарение на нашите голмани кои блеснаа во второто полувреме, ја подобривме одбраната и тоа беше пресудно. Противникот располага со квалитетни играчи, ги анализиравме и денес не успеаја да не изненадат. Очекувавме одредени работи и комбинаторики од нивна страна, дел од нив применија…Секако дека Вардар може подобро од ова, не сакам да звучи неблагодарно, со оглед на тоа што денес мојата екипа беше фантастична и им се заблагодарувам на моите играчи за борбеноста и пристапот, беа навистина одлични, пак ќе кажам, не сакам да звучи нескромно, сметам дека Вардар од секоја можна точка може да биде подобар”, изјави Лазаревски.
За ракометарите на Вардар освоениот трофеј во Струмица беше втор пред стартот на првенството. Вардарци кон крајот на месец август го освоија и трофејот на Струшкиот турнир.
Вардар ги залечи раните од Европа – четврти пат го освои трофејот во Супер Купот!