Денеска е последниот натпреварувачки ден на второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“.
Од 11:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ за седмото место ќе играат екипите на Бутел Скопје и Голден Арт.
Од 13:15 часот на мегдан ќе излезат турскиот Бешикташ и српската Металопластика Шабац во битката за петто место.
Во двобојот за бронза ќе се соочат домаќинот Охрид и словачкиот Татран Прешов, во натпревар што стартува од 18:00 часот.
Финалната двојка беше позната од претходно позната. За трофејот од 20:15 часот ќе се борат Еурофарм Пелистер и Олимпијакос.