Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за парична награда за кадетската репрезентација по освојувањето на деветтото место на СП.
Ракометарите и стручниот штаб ќе поделат 1.000.000 денари како премија за успешните настапи на Мундијалот.
„Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1.000.000,00 денари за машката кадетска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади), за освојување на 9-тото место на 2023 IHF Men’s Youth World Championship MU19 во Хрватска“, се вели во соопштението на РФМ.
Кадетите забележаа пет победи – Црна Гора, Грузија, Унгарија, Австрија и Чешка, додека загубија само од Норвешка и Данска.