Грујовска и Богојеска остануваат верни на Куманово

Поранешниот шампион на Македонија, Куманово, кој започна со подготовките за новата сезона, задржа уште двајца играчи од минатогодишниот состав.

Во тимот на Славиша Димитријески останува голманката Симона Грујовска и левиот бек Сара Богојеска.

Двете ракометарки во составот на Куманово пристигнаа во ланската сезона и ги оправдаа очекувањата на раководството на клубот.

Нови засилувања во тимот се Адела Еленин, Нена Нестороска и Јана Ѓошевска. Куманово претходно ја продолжи соработката со Сузана Зечевиќ и искусната Габриела Величковска.

Ракометарките на Куманово минатата сезона завршија на второто место во Женската лига и стигнаа до титулата во Купот на Македонија.

Покрај настапот на домашна сцена, тимот на Куманово ќе биде активен и на меѓународна сцена со настапот во Европскиот Куп.