Куманово донесе две ракометарки – потпишаа Нестороска и Ѓошевска

Тимот на Куманово промовираше уште две засилувања пред стартот на новата натпреварувачка сезона.

По левото крило Адела Еленин, кумановци објавија дека потпишале договори со уште едно лево крило и среден бек.

Станува збор за младинската репрезентативка Нена Нестороска, која доаѓа во Куманово од тимот на Металург и за Јана Ѓошевска, кој играше за Спартак.

Претходно Габриела Величковска го продолжи договорот, а клубот го напуштија Андреза Алмеида, Тамара Ивановска и Пена Граматова.

Покрај на домашна сцена, тимот на Куманово ќе биде активен и на меѓународна сцена со настапот во Европскиот Куп.