Машката кадетска репрезентација на Македонија денес ја очекува нов предизвик на Светското кадетско првенство во Хрватска.
Македонските кадети со дуел против Данска ќе ја стартуваат борбата за четвртфинале и ќе се обидат да дојдат до изненадување против скандинавската селекција.
Селекторот Раде Стојановиќ го одбра составот со кој ќе и се спротистави на Данска.
За натпреварот против Данска се враќа Томислав Димковски, кој не настапи против Грузија, додека од кобинација за денешниот дуел отпадна левиот бек Антонио Николоски.
Дуелот меѓу Македонија и Данска се игра ќе се одигра во салата „Замет“ во Риека со почеток од 17:30 часот.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!