Женската кадетска репрезентација на Македонија по трите меча во групната фаза од Европското првенство во Црна Гора, ја очекува уште еден ден одмор.
Откако беа доживеани три двоцифрени порази од селекциите на Романија, Унгарија и Франција, избраничките на Кристијан Грчевски, ќе бидат дел од разигрувањето за пласман од 9 до 16 место.
Ривали ќе бидат селекциите на Норвешка и Португалија, кои се пласираа на третото и четвртото место од групата Ц.
Сега во група 2 од разигрувањето прв противник веќе утре на Македонија ќе и биде Норвешка на меч од 13:30 часот во салата „Морача“ во Подгорица.
На 9 август ќе се игра натпреварот меѓу Македонија и Португалија, од 13:30 часот, и овој дуел ќе го даде одговорот, дали кадетките ќе одат во борба за избегнување на фенерот, или можеби ќе разигруваат за пласман од 9 до 12 место.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!