Денес на Европското првенство за кадетки во Црна Гора беа одиграни натпреварите од третото коло од групната фаза.
Најголемо изненадување направи репрезентацијата на Србија, која ја совлада Шведска сo 28:20.
Србинките со победата над Шведска обезбедија пласман во ТОП 8 на Европското првенство и ќе се обидат да обезбедат пласман во полуфиналето.
Освен Србија, пласман меѓу најдобрите осум репрезентација обезбедија и Данска, Холандија, Франција, Унгарија, Германија, Црна Гора и Хрватска.
Кадетките на Македонија настапот во првиот дел од кадетскиот континентален собир го завршија со три убедливи порази од Романија, Унгарија и Франција.
Ракометарките на Кристијан Грчевски ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!