Женската кадетска репрезентација на Македонија ја очекува вториот натпревар на Европското првенство во Црна Гора.
Избраничките на Кристијан Грчевски ќе се соочат со големиот фаворит Унгарија, која во првото коло загуби од Франција.
Селекторот не направи измени во ростерот, па истите ракометарки што настапија вчера против Романија, ќе играат и денеска.
Натпреварот меѓу Унгарија и Македонија се игра во спортскиот центар „Морача“ со почеток во 13:30 часот.