Почина ракометната легенда на Битола и на Пелистер – Ѓорѓи Гроздановски Моцарт

На 84 годишна возраст во Битола денска почина Ѓорѓи Гроздановски – Моцарт, легендата на ракометот во Битола. Целиот живот го посветен на Пелистер и беше дел од клубот кога екипата беше во својот зенит и во СФРЈ и во првенството на Македонија, и беше хроничар на успесите на битолскиот ракомет.

Беше душата и мудроста на битолчани, кои на крајот на 80-тите и почетокот на 90-те години од минатиот век беа најдоминантната екипа во Македонија, и сериозно конкуретна и во рамките на СФРЈ.

Кога почна да се игра првенството на Македонија, Гроздановски остана во клубот и беше сведок на најголемите клупски успеси, играњето во Лигата на шампионите како прв тим од Македонија и како дел од историјата – Пелистер го одигра првиот меч од лигата на шампионите под патронат на ЕХФ.

Со ракомет почнал да сеза нимава во 1955 година, и професионално играл до 1962 година. Бил тренер на женска екипа од 1962 до 1965 година. Потоа станал судија. Од 1971 година е генерален секретар на Рк Пелистер

Пензионерските денови ги дочека како член на Пелистер, а потоа повремено и беше на трибините на клубот гледајќи го тимот.