ОФИЦИЈАЛНО: Горан Крстевски е нов член на Охрид

Како што најави 24Ракомет, повремениот репрезентативец на Македонија, Горан Крстевски, е новото засилување во тимот на Охрид, кој во новата сезона ќе влезе со големи амбиции.

Новото засилување на Охрид во претходните сезони настапуваше во дресот на австриски Линц и Фочани од Романија, каде градеше успешна интернационална кариера.

Организаторот на играта потекнува од Ресен и како играч се афирмираше во првиот и вториот тим на некогашниот македонски шампион Металург.

Крстевски беше дел и од тогашниот тим на Еурофарм Работник пред да замине во странство. Со тимот од Битола и со Металург настапуваше во Лигата на шампионите и неговото меѓународно искуство ќе биде од голема помош за охриѓани.

Охрид во своите редови ги донесе Бобан Ристевски, Милорад Кукоски, Гоце Ојлески, Никола Стоилевски, Даниел Ѓорѓески, Берин Бркиќ, Теимураз Орјоникидзе и Рудолф Сафранко.

Екипата на Алушовски во текот од првата фаза од подготовките ќе има проверка на силите против Еурофарм Пелистер и Вардар.

Охриѓани ги очекува и организација на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“ со осум екипи од 23 до 26 август.

Подновениот Охрид за ривали во регуларниот дел од новата сезона во Супер лигата ги има Струга, Куманово, Тиквеш, Скопје, Алкалоид, Еурофарм Пелистер 2 и дебитантот Аеродром.

 

 

 

Македонски репрезентативец го засилува Охрид!