Тимот на Партизан по ангажманот на Ѓорѓе Чирковиќ на тренерската позиција, полека го формира ростерот за новата натпреварувачка сезона.
Меѓу новите ракометари, тројца се од Црна Гора – Лука Барјактаровиќ, Јанко Кустудиќ и Ѓорѓе Шљукиќ. Левиот бек Барјактаровиќ има 20 години, доаѓа од босанската Слобода Тузла, и таму беше меѓу најдобрите стрелци.
Уште еден лев бек е Кустудиќ, кој доаѓа од Црвена Ѕвезда и ќе има шанса да се покаже на „Бањица“, додека Шљукиќ доаѓа од Сутјеска Никшиќ.
Tретиот лев бек е 21-годишниот Никола Ковачевиќ кој доаѓа од Војводина, а лани играше во СЕХА лигата за тимот од Нови Сад, додека во домашното првенство беше на позајмица во Југовиќ Каќ.
Претходно беше промовиран и голманот од Црвена Ѕвезда, Димитрије Јелиќ, а во следниот период треба да биде промовиран и Гркот Георгиос Маркататос, кој игра на пивотменската позиција.
Партизан остана без голманот Трнавац кој отиде во Војводина, без Петриќ кој потпиша за Вардар, како и без искусниот Вук Лазовиќ. Капитенот Зечевиќ ќе паузира подолго време поради повреда.