Машката и женската репрезентација на Франција доколку обезбедат пласман меѓу најдобрите три репрезентации на Олимписките игри во Париз, тогаш ќе заработат добра премија.
Според пишувањата на францускиот портал handnews.fr, владата на Франција одлучила да ги зголеми паричните награди за Олимписките игри за 20% во однос на игрите од Токио.
За златниот медал премијата е 80.000 евра, за сребрениот медал 40.000 евра, додека за бронзата 20.000 евра.
Франција на Олимписките игри во Токио го освои златото во машка и женска конкуренција.