Еурофарм Пелистер 2 ќе тестира против првиот тим, Прилеп, Врање…

Еден од најмладите суперлигаши во Македонија, Еурофарм Пелистер 2, денес во спортската сала „Боро Чурлевски“ означи старт на подготовките за новата сезона 2023/24.

Новиот тренер на тимот, младиот стратег Михаил Петровски, заедно со неговиот асистент Васко Димитровски, ја одработија првата тренинг сесија.

Младите пелистерци во текот на подготвителниот период ќе тестираат против неколку домашни суперлигаши и екипи од странство.

Избраниците на Петровски ќе одиграат контролни натпревари против Еурофарм Пелистер, Прилеп, Врање, а ќе учествуваат и на Меморијалниот турнир „Миле Нешковски“ во Прилеп.

Еурофарм Пелистер 2 на турнирот во Прилеп е дел од групата 2 и за ривали ги има Кокс од Финска, Пролет и Мулти Есенс.

Главната цел на младиот тим од Битола за оваа сезона ќе биде пласман во плеј-оф фазата од суперлигашката конкуренција.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во Супер лигата ќе игра во група заедно со Охрид, Струга, Тиквеш, Скопје, Алкалоид, Куманово и дебитантот Аеродром.

Петровски: Имаме најмлада екипа во Суперлига и 16 битолчани во состав, целта е плеј-оф

 

Кој дојде, кој замина – еве го составот на Еурофарм Пелистер 2 (ФОТО)

 

Петровски се фати за работа – Еурофарм Пелистер 2 стартуваше со подготовките