Тимот на Вардар денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона со прозивката на тренерот Владо Недановски и неговиот стручен штаб.
На првиот тренинг беа присутни петте од шесте нови засилувања, додека подоцна ќе се приклучи кубанскиот интернационалец Ансер Родригез.
Тренираа Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ, Матија Николиќ, Косуке Јашухира и Нилтон Мело.
Вардарци тренинзите ќе ги одработуваат во Скопје и Маврово, а потоа ќе настапат на Струшкиот турнир пред двомечот со Рајн Некар Левен.
Од тимот заминаа Талески, Манасков, Моралес, Добрковиќ и Маркоски, а кариерата ја завршија Стоилов и Ристовски.