Македонската судии Дамјан Савиќ и Марко Огњановски, се дел од Европското отворено првенство за кадети што се одржува во Гетеборг.
Тие се дел од програмата на ЕХФ „млади судии“, а во групната фаза веќе отсудија на четири средби.
Во главната рунда вчера судеа на две средби меѓу Чешка и Летонија, како и меѓу Швајцарија и Израел.
Денеска ги чека уште еден натпревар Исланд – Израел, а ако се оди според планот би требало да се најдат и во завршницата што ќе се игра во текот на утрешниот ден.
Доколку македонските арбитри ги задоволат строгите критериуми на ЕХФ, тогаш ќе бидат на добар пат кон ЕХФ значка.