Левото крило Пена Граматова во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.
Досегашната членка на Куманово ќе се пресели во словенечкиот шампионат и ќе настапува за екипата на Ждежеле Целје.
Станува збор за млада екипа, која минатата сезона го освои третото место во Словенија зад неприкосновениот Крим и Млинотест Ајдовшчина.
Во стручниот штаб на Целје е некогашната голманка на Крим и словенечката репрезентација, Миша Маринчек.
Граматова играше за младинските селекции на Македонија, а во нашата земја освен за Куманово настапуваше за екипите на Леов Бартек и Металург.