Левиот бек Урош Борзаш е најновото засилување за Еурофарм Пелистер пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.
Борзаш доаѓа од норвешкиот тим Елверум, со кој исто така беше дел од елитното натпреварување.
Српскиот репрезентативец кој има и унгарски пасош, им се обрати на Чкембари.
„Здраво Битола, здраво Чкембари. Драго ми е што сум дел од семејството на Еурофарм Пелистер. Се надевам ќе имаме многу среќни моменти заедно. Се гледаме наскоро“, изјави Борзаш.
Покрај Борзаш, Еурофарм Пелистер ги ангажираше и пивотот Андреас Јохан Нилсен, како и десниот бек Нејц Цехте.
Еурофарм Пелистер се пофали со нов играч – Урош Борзаш две сезони во Битола!