Еурофарм Пелистер се пофали со нов играч – Урош Борзаш две сезони во Битола!

Српскиот репрезентативец Урош Борзаш е нов член на Еурофарм Пелистер, откако стави потпис на двегодишен договор.

23-годишниот Борзаш е еден од најперспективните леви бекови на континентот, редовен учесник во европските клупски натпреварувања на ЕХФ и член на селекцијата на Србија која рапидно се качува кон европскиот врв.

Урош доаѓа во Битола од Норвешка, каде во последните две сезони го носеше дресот на Елверум и редовно играше во Лигата на шампионите. Минатата сезона постигна 49 гола во 14 натпревари во групниот сегмент на Лигата на шампионите за норвешкиот клуб. Борзаш е висок 198 сантиметри, а тежок 101 килограм.

Новиот играч на Еурофарм Пелистер е роден во Сента, има српско и унгарско државјанство, а негов матичен клуб е големиот Веспрем. Борзаш го носеше дресот и на Татабања, Тулуз во Франција и норвешки Елверум.