Тимот на Радовиш по отпаѓањето од суперлигашката конкуренција започна да се екипира за наредната сезона.
Откако договорот го продолжи искусниот лев бек Иванче Ончев, како и голманот Кристијан Костадиновски, следни што ја продолжија верноста се уште четворица ракометари.
Станува збор за Костадин Ѓоргиев, Филип Талевски и повратниците од младинската школа Бојан Јованов и Филип Димов.
Во следниот период се очекува да се потврди играчкиот ростер на Радовиш, кој по десет години играње во елитата се сели во понизок ранг на натпреварување.
Од клубот до овој момент си заминаа голманот Славјан Паунов и кружниот напаѓач Томче Трајчевски.
Како што е познато, искусниот Паунов ќе го брани голот на амбициозниот Бисинов Фруид Ленд, додека Трајчевски ги засили редовите на Прилеп.