Репрезентативката на Норвешка, Кристине Брејстол, ќе го замени Есбјерг за Ѓер, но од следното лето.
Норвежанката, која игра на позиција лев бек, со раководството на унгарскиот гигант се договори на соработка, со важност од две години.
Искусната ракометарка во Ѓер ќе го има вториот интернационален предизвик во својата кариера.
Брејстол во текот на 2018 година од Ларвик пристигна во Есбјерг и со данскиот тим дваапти играше на Ф4 турнирот во Лигата на шампоните, сезона 2021/22 и 2022/23.
На репрезентативно ниво со Норвешка има освоено три златни медали, од кои два се од Европското првенство во 2020 и 2022 и еден златен медал од Мундијалот во 2021 година.
Левиот бек во својата колекција медали има и бронза од Олимписките игри во Токио.