Тимот на Радовиш, кој не успеа да обезбеди опстанок во суперлигашката конкуренција, го продолжи договорот со талентираниот голман Кристијан Костадиновски.
Биточанецот во редовите на Радовиш пристигна минатото лето од Кичево и се покажа во солидно светло меѓу стативите.
Костадиновски во својата кариера настапуваше и за младинскиот тим на Еурофарм Пелистер.
Радовиш претходно го продолжи договорот со левиот бек Иванче Ончев, додека клубот го напушти искусниот голман Славјан Паунов и кружниот напаѓач Томче Трајчевски.
За сега не е познато кои се плановите на Радовиш за следната сезона, но најверојатно клубот ќе сака експресно да се врати во елитата.