Ракометарката која во својата кариера има настапи за Вардар, десниот бек Александра Лакрабер стави крај на својата кариера.
Французинката кон крајот на месец ноември, 2022, реши да го напушти тимот на Рапид Букурешт поради несогласувања со тогашниот селектор Карлос Вивер и веќе тогаш беше јасно дека екс ракометарката на Вардар нема уште долго да игра.
Лакрабер пред две години стави крај на својата репрезентативна кариера. Таа освои сè што можеше да се освои со репрезентацијата на Франција, па така дојде до злато на Олимписките игри во Токио и сребро во 2016 година во Рио. На Мундијалот во 2017 и ЕП во 2018 година исто така беше сребрена.
Десниот бек две сезони мина во редовите на Вардар и со поранешниот македонски шампион не успеа да дојде до златото во Лигата на шампионите.
Во својата кариера го носеше дресот и на Бера Бера, Тулуз, Брест Бретањ, Ѕвенигород, Миос Биганос, Ница и Шамбери.
Пред извесен период од ракометните терени се повлече екс репрезентативната на Црна Гора, Андреа Кликовац. Црногорката во ,,црвено-црниот” дрес одигра шест и пол сезони.