Еурофарм Пелистер после мечот со Тиквеш ќе ја добие долго очекуваната шампионска титула.
Кавадаречкиот тим пред стартот на натпреварот при претставувањето на ракометарите на битолскиот клуб приреди победнички шпалир.
Џентлменскиот потег на Тиквеш наиде на поздрав од битолската публика што ја обои „Боро Чурлевски“ во зелена боја.
Овој дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Тиквеш нема резултатско значење бидејќи од минатото коло се познати нивните конечни позиции на табелата.