Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ, додаде уште една титула во богатата колекција.
Црногорскиот стратег со тимот на Сепахан заврши прв низ целта во шампионатот на Иран и ја освои титулата.
Вујовиќ по заминувањето од Вардар ја презема селекцијата на Иран, со која беше дел од Мундијалот во Полска и Шведска.
Покрај селекторската улога, Вујовиќ има уште една, како тренер на најдобриот тим во Иран.