Македонската репрезентативка Сара Ристовска заедно со екипата на ЦСКА Москва обезбедија пласман во финалето од рускиот шампионат.
ЦСКА Москва во полуфиналето за ривал ја имаше екипата на Лада Тољати и успеа да го елиминира некогашниот европски гигант.
Ристовска и колешките на првиот полуфинален дуел славеа со 31:25, додека на реваншот одиграа нерешено, 29:29.
Ривал на ЦСКА Москва за првото место ќе биде актуелниот шампион Ростов Дон.
Првата средба од финалниот дуел меѓу ЦСКА Москва и Ростов Дон е закажана за 25 мај.