Репрезентативецот на Црна Гора, Милош Вујовиќ, останува во Бундес лигата, но ќе има нов клуб во својата кариера.
Црногорецот, кој од сезона 2020/21 настапува за Фуксе Берлин, во следните две години ќе го носи дресот на Гумерзбах, клуб кој е предводен од Гудјон Валур Сигурдсон.
Вујовиќ интернационалната кариера ја започна пред 12 години кога имаше краток престој во екипата на Пелистер. Со Пелистер потпиша тригодишен договор, но поради финансиската ситуација мораше го напушти македонскиот клуб.
На интернационално ниво пет сезони настапуваше за унгарскиот суперлигаш Татабања. Откако се афирмираше како играч во унгарскиот клуб, веднаш стана мета на многу клубови, но тогаш битката за неговите услуги ја доби Фуксе Берлин.
Освен Вујовиќ, тимот наГумерзбах се засили и со репрезентативецот на Словенија, кружниот напаѓач Кристијан Хоржен.
Словенецот, исто како и Вујовиќ, со раководството на Гумерзбах се договори на двегодишна соработка.
Гумерзбах пред неколку дена го ангажираше репрезентативецот на Грузија и некогашна желба на Вардар, Гиорги Цковребадзе.