Божиновски и Начевски ќе судат на Светското првенство за младинци!

Македонската машка младинска репрезентација нема да игра на претстојниот Мундијал, но затоа нашата држава ќе има свои претставници.

Судиската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски, ќе бидат дел од официјалните лица на СП во Германија и Грција.

Македонците минатото лето добија ИХФ значка, и веќе имаат два настани зад себе во кариерата како ИХФ судии.

Светското првенство ќе се одржи од 20 јуни до 2 јули во Германија и Грција, а ќе играат 32 селекции.

Покрај Божиновски и Начевски, уште 21 судиска двојка од Европа и светот ќе биде дел од овој настан.