Весела математика на две кола до крај: Како до титула, а како до опстанок…

По комплетираното 12 коло во македонскиот шампионат, појасни се околностите за разврската во најсилната ракометна лига во Македонија.

Остануваат уште две кола до крај и повеќе од јасно е дека Еурофарм Пелистер ќе го подигне шампионскиот пехар. До тој чин го делат уште две кола, односно најмногу 6 бодови. Сепак битолчани може да си дозволат и кикс во дуелите со Охрид односно Тиквеш бидејќи титулата ќе ја кренат и со 4 освоени бодови во последните две кола (една победа и реми).

Кај Вардар ситуацијата е посложена, наместо да очекува кикс на Еурофарм Пелистер за титула, „црвено-црните“ треба да стравуваат и за вицешампионската позиција. Вардарци немаат повеќе луксуз да загубат во последните две кола. Доколку загубат во последното коло од Алкалоид ќе се пласираат на третата позиција, што ќе биде најлош пласман за Вардар во изминатите две децении. Затоа исто им се потребни барем 4 бодови од последните две кола (победа и реми против Тиквеш и Алкалоид) за да ја задржат втората позиција во националното првенство.

Првопласираната екипа во македонскиот шампионат ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите, второрангираната ќе игра директно во групната фаза од Лига Европа, додека третопласираната ќе игра квалификации за групната фаза од Лига Европа. Четвртопласираната екипа ќе игра во новата, а најслаба по ранг Европска лига.

ПЛЕЈ-ОФ СУПЕРЛИГА

ПозЕкипаGDНПРЛБ
18614130141
2-511430119
3-1301400140

За последното место кое води кон европската лига ќе се борат Тиквеш и Охрид. Тиквеш има два бода предност пред Охрид, но и веројатност дека нема да заработи повеќе бодови оваа сезона бидејќи игра против Вардар и Еурофарм Пелистер во последните две кола. Охрид има релативно полесен распоред. Го пречекуваат Еурофарм Пелистер и тука не треба да очекуваат бодови, но затоа шансата ја гледаат во последното коло на гостувањето кај Бутел. Од последните две кола и максимални шест бодови потребни им се три односно една победа за да го престигнат Тиквеш, освен ако не се случи некое изненадување. На Тиквеш пак потребен и доволен му е бод од дуелите со Еурофарм Пелистер и Вардар, подвиг кој би се квалификувал како изненадување.

Како до опстанок?

Во плеј-аут фазата по 12 одиграни кола работите се малку по компликувани. Остануваат уште масимални 6 бодови за освојување во последните две кола. Следната сезона во понизок ранг сигурно ќе игра Радовиш, но се уште теоретски не е потврдено кој ќе му прави друштво иако таа „чест“ најблиску е да ја преземе Јуниор Кисела Вода. Во игра за испаѓање сега е и Прилеп кој има 21 бод но и полош меѓусебен скор со Јуниор Кисела Вода, екипа која заостанува точно 6 бодови зад прилепчани. Во опасната зона е и Вардар Неготино кој има само бод повеќе од Јуниор К.В.. Екипата на Скопје не е во опасност од директно испаѓање бидејќи има 6 бодови предност пред Јуниор но и подобра меѓусебна гол разлика, па дури и во случај на мини табела од три екипи со ист број бодови тие се во најповолна позиција. Сепак Скопје теоретски се уште може да заврши на 6. позиција на табелата во плеј-аут фазата која води во бараж со третопласираната екипа од првата македонска лига. Но реалноста често и пркоси на теоријата, па вакво сценарио е речиси неверојатно. Доколку во следните две кола позициите на табелата останат непроменети, Радовиш и Јуниор Кислеа Вода ќе се преселат еден ранг подолу, а Вардар Неготино ќе игра бараж за пласман во Суперлига. Борбата за опстанок ќе биде појасна во следното коло кога Јуниор го пречекува Вардар Неготино во директна битка да се остане во суперлигата.

ПЛЕЈ-АУТ СУПЕРЛИГА

ПозЕкипаGDНПРЛБ
16514111236
27714100433
3-81480624
4201471623
5191451819
6-811420126
7-1401400142